Сојуз на Здруженијата за Техничка Култура на Македонија – Народна Техника
Сојузот на здруженија за техничка култура на Македонија е компетентна , волонтерска, апсолутно непрофитабилна организација на граѓани, кои работат на развојот и унапредувањето на техничката култура како знаечаен елемент на севкупниот развој на земјата.
Целта на организацијата е да води кон квалитет и зголемување на потенцијалот кај индивидуалците како основен ресурс, посебно од техничко-технолошки аспект кој е приоритет не само на развиените земји туку и на оние во развој. Улогата на организацијата е техничко-технолошкиот развој на младите луѓе преку ширење на знаењето за новите технологии и нивната глобална улога, но исто така и стимулација на развојот на креативните потенцијали во функција на педагошко образовни и продуктивно технички активности.
Организацијата има задачи да:
Учење на технички, технолошки и информациони знаења и вештини;
Откривање и стимулација на млади таленти за активности во полето на
природните и техничките науки; Стимулација на креативноста и конкурентноста помеѓу младите луѓе;
Поддршка на иновативни идеи;
Популаризација на научните и техничките достигнувања;
Заштита на околината;
Создавање на квалитетни услови за развој на овој вид на активности
во земјата.
Сојузи кои се членови на Собранието:
Сојуз на клубовите на млади техничари и природници
Сојуз на здруженијата на младите истражувачи – Наука на млади
Кино сојуз
Фото сојуз
Сојузот на пронаоѓачи и автори на техничкиу напредувања на Македонија
Радио-аматерски сојуз
Сојуз за техничка култура во стопанството на Македонија
Главни активности:
Национален натпревар на младите истражувачи во Република Македонија;
Годишни регионални и национални натпревари за млади техничари
и научници; Годишен Кино фестивал;
Годишен национален фото натпревар;
Младински проекти во областите на заштита на животната средина,
техничката култура, земјоделството и електронското учење;