Старо Нагоричане

Црква Св. Петка, село Младо Нагоричане, Старо Нагоричане

БЈР Македонија, Североист. регион
GPS: 42.170425, 21.810853

Св.Петка е еднокарабна градба со наос на североисточна страна, одвоен нартекс на западната страна и параклис на јужната страна. Прочитај повеќе

Црквата била живописана во 1628 година, веројатно непосредно по изградбата. Градена е од покрупен и поситен камен. Покриена е со двосливен покрив од ќерамиди. Во 2003 година е извршена конзервација на живописот и архитектурата. Карактеристично е што оваа црква нема апсида на источната страна, единствен пример во Жеглигово. Живописот е мошне оштетен. Сочувани се фрагменти од циклусот на Св.Петка на јужниот ѕид на нартексот, во втората зона, над двете слепи архиволти, а низа од попрсја на маченици во цветни чашки се насликани во двете волути на архиволтите. Во олтарот, во централната апсидална конха, на врвот е преставен ликот на Богородица Оранта. Овие фрески се многу избледени. Во проскомидијалната конха е насликан светител во цел раст, избледен, архиѓакон Стефан. Црквата е типичен преставник на црквите од поствизантиски период.

E-Весник

Име:
Email: