БЈР Македонија, Југоисточен регион

Струмин гроб

БЈР Македонија, Југоисточен регион
GPS: 41.449433, 22.609439

Струмин гроб е средновековен гроб, кој се наоѓа на околу 3км од Струмица, во близина на селото Баница. Прочитај повеќе

Гробот има мавзолеен изглед и се состои од деветослоен делкан бигор. Иако уште не е докажано, можно е овој гроб да е на некој верски водач од исламската заедница.

Гробот е висок 2,3m, широк 2,4m и долг 4m. За неговото настанување постојат три легенди: според првата, гробницата припаѓа на Струма, сестрата на Крали Марко; според втората, гробницата припаѓа на Персеј, принц, роднина на Александар Македонски; според третата, гробницата припаѓа на Струма, ќерка на заповедник на Словените во Струмица.

E-Весник

Име:
Email: