Дојран
Градски амам, Дојран

БЈР Македонија, Југоисточен регион
GPS: 41.186132, 22.719109
На самиот влез на Дојран се наоѓаат рушевините на единствената бања во градот, “Амам” - турски збор што значи бања. Прочитај повеќе
За оваа бања не се знае кога е изградена, но се зборува дека секој ден работела и тоа се до 1916 година кога е и разрушена. Се состоела од повеке простории од кои едни биле за жени, а други за мажи.
Водата до бањата била носена преку ќерамидни цевки, 2 км западно од Дојран. Водата се загревала со дрва во казан и тоа во посебна просторија, а од таму течела во чешмите од кои се миеле граѓаните. Во бањата оделе граѓани од сите националности, а тоа што е најинтересно е тоа дека за идните невести имало посебна церемонија и оделе на посебно моминско бањање.